По елиминацијата на Холандија, Зиркзе ќе стане првото засилување на Манчестер јунајтед ова лето

by bojan
1 минути читање
Зиркзе

Голем број на извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед го договорил Џошуа Зиркзе и напаѓачот ќе стане првото засилување на „ѓаволите“ ова лето.

Џошуа Зиркзе во следните денови ќе го официјалзира трансферот на Олд Трафорд. Ден по елиминацијата на Холандија на Европското првенство, пристигна информација дека напаѓачот се договорил со Манчестер јунајтед.

Новинарот Бен Џејкопс објави дека „ѓаволите“ сакаат да ја комплетираат зделката до крајот на неделата.

Манчестер јунајтед и Џошуа Зиркзе си подале рака за петгодишна соработка, а паднал и дил за провизијата на неговиот агент.

Клубот од Олд Трафорд сега со Болоња ги пегла последните детали, а во меѓувреме се очекува Џошуа Зиркзе да ги заврши и редовните лекарски прегледи.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани