Жозе Мурињо уште еднаш го впери прстот кон судиите по елиминацијата на Фенербахче во третото коло во квалификациите во Лигата на шампиони, вели дека ако почне да зборува, сигурно ќе добие казна.
Фенербахче синоќа го заврши настапот во најелитното европско натпреварување откако дома одигра 1-1 против Лил.
Домаќините со гол во финишот се изборија за екстра 30 минути, но во продолженијата примија гол од пенал, на белата точка беше покажано по сугестија на ВАР собата.
„Останавме без шанса да играме против најдобрите во светот. Но на сите ни беше јасно дека не можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Сега ќе играме во Лига Европа, и мислам дека можеме добро да поминеме во ова натпреварување“ – рече Жозе Мурињо по крајот на натпреварот.
Тренерот на Фенербахче потоа ја повтори својата фамозна изјава со која изразува незадоволство од судиите.
„Ако отворам уста… Подобро да не зборувам за пеналот. Ако некој се чуди што ќе кажам следно… го канам да го гледа финалето помеѓу Рома и Севиља во Лига Европа и тогаш ќе разбере каков е крајот на реченицата“
„Кога ќе видам какви се индциденти ми се случија изминативе години. Само судијата знае зошто досуди пенал, само тој и судиите во ВАР собата“.
„Специјалтниот“ потоа додаде: „Два пати ја погодивме рамката од голот, нивниот голман плус имаше три неверојатни одбрани. Мојот тим креираше доволно шанси за победа денес. Горд сум на момците, им кажав дека сум навистина горд на нив, сторија се за да победат“.
„Еден тим заслужуваше да победи, другиот оди понатаму“.