По една година Касано се враќа

by
1 минути читање

Касано 12 месеци беше во немилост на Сампдорија која не го продаде, но
поради недолично однесување не сметаше на него.

Агонијата на Касано е минато, тој е нов фудбалер на Верона.

„Верона може да потврди дека го комплетираше трансферот на Антонио Касано“
стои во соопштението на клубот.

Касано главната слава ја стекна во Рома за која играше пет сезони по што се
пресели во Реал Мадрид. Го носеше дресот и на Интер и Милан, но главно поради
проблематичниот карактер никогаш не блесна во сиот свој потенцијал. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани