По единаесетчасовна расправа падна одлука: Милан и Интер го купуваат и рушат „Сан Сиро“

by 24 фудбал
1 минути читање

Градското собрание на Милано донесе историска одлука и го одобри предлогот за продажба на стадионот „Сан Сиро“ на Интер и Милан. Со тоа двата клуба добиваат зелено светло да продолжат со проектот за уривање на поголемиот дел од постоечкиот објект и изградба на современ стадион.

По повеќе од 11 часа расправа, во која беа разгледани 239 амандмани, гласaњето заврши утринава во 3 часот и 46 минути. 24 советници гласаа „за“, 20 беа „против“, а двајца останаа воздржани.

Форца Италија се воздржа, признавајќи дека предлогот има недостатоци, но дека инвестицијата од 1,2 милијарди евра ќе донесе нови работни места, подобрена инфраструктура и обнова на градот. Воздржаните гласови го намалија прагот за потребното мнозинство, што се покажа како клучно за усвојување на предлогот.

Одлуката за рушење на постоечкиот „Сан Сиро“ доаѓа откако на Италијанците јасно им беше ставено дознаење дека нема да добијат домаќинство на Европското првенство 2032 година на застарениот објект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×