1,1K
Стручниот штаб на
Вардар по исцрпувачкиот меч против Копенхаген, каде „црвено-црните“ во Скопје
обезбедија минимален триумф од 1-0 пред реваншот во Данска, им даде на своите
фудбалери еден слободен ден.
Денес фудбалерите
се вратија на тренинзите со тоа што веќе ја стартуваа мисијата „Копенхаген“,
како што стои на официјалниот клупски сајт, се вели дека оние кои играа против
Копенхаген одработија полесна подготовка, додека останатите стандарден тренинг.
Реваншот со
данскиот тим е предвиден да се одигра идната среда во терминот од 20 часот.
Извор/Фото-вест:
fkvardar.mk