Мартин Одегард
блесна на фудбалската сцена во 2014 кога со 15 години дебитираше за Норвешка и
стана најмлад фудбалер со настап во кавалификациите за ЕП.
Па интерес за
неговите услуги пројавија сите гиганти од Европа, тој беше на проба во неколку
клубови за во јануари 2015 да потпише за големиот Реал Мадрид.
И покрај тоа што
четири месеци подоцна стана најмладиот дебитант на Реал Мадрид во Ла Лига, Мартин Одегард
не се снајде на Сантијаго Бернабеу и забележа само два настапи за првиот тим.
Па во потрага на
поголема минутажа, „Кралевите“ решија да го испратат Норвежанецот во Херенвен.
Талентираниот фудбалерот
од средниот ред ќе биде на позајмица во Холандија во следните 18 месеци и ќе се
обиде да си ја врати кариерата на прв пат.