По добриот старт, следуваше пад: Милан нема да го откупи Жоао Феликс

by 24 фудбал
1 минути читање

Жоао Феликс оваа зима дојде на „сува“ позајмица од Челси во Милан, а причината за такво нешто беше фактот дека немаше доволно време за да се преговара за целосен трансфер.

Клубот од „Сан Сиро“ беше одушевен од можноста да го доведе Португалецот, а и тренерот Серџо Консеисао е голем фан на неговата игра. Веднаш по доаѓањето во Милано португалскиот офанзивец имаше добар старт. Иако даде само еден гол против Рома и тоа во дебито, на следните неколку натпревари Феликс беше еден од најдобрите на теренот за Милан.

Поради тоа Консеисао веднаш го фалеше играчот, а и италијанската јавност пренесуваше дека „росонерите“ веќе размислуваат за откуп на неговиот договор. Сепак, тогаш дојде кризниот период на Милан и трите порази во низа, а во нив и Феликс го загуби првотимскиот статус.

На последните три натпревари Жоао Феликс беше резервист и влегуваше од клупата, па тоа веднаш привлече прашања. Играчот кој веднаш по доаѓањето беше стандарден, одеднаш падна во втор план. Така стана јасно дека Милан нема намера да го откупи Португалецот налето и наводно веќе го известил Челси дека Феликс се враќа во Лондон по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×