Легндарниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер се разведува од Ана Ивановиќ, пишуваат германските медиуми, одлуката е обострана.
Тие веќе два месеци живееле одделно, Швајнштајгер се преселил во Минхен каде работи на неколку проекти, а Ивановиќ со трите сина е во Белград.
Ниту еден од двајцата не ги потврдил овие информации, а медиумите тврдат дека причините се стрес, честите патувања, различните локации на кои функционираат и недостатокот на семеен живот.
Швајнштајгер често патува низ светот бидејќи работи како телевизиски консултант на фудбалски натпревари, а има проекти и во Минхен кои често го одвојуваат од семејството. Ивановиќ ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството бидејќи веќе една деценија не е активна и таа во моментов се грижи за децата.
Долго време тие важеа за најубава спортска двојка, а за нивниот брак сите мислеа дека е идиличен и дека нема никогаш да заврши, но…