1,6K
Од Фудбалската федерација на Бразил веднаш по поразот стапиле во контакт со Карло Анчелоти и ги обновиле преговорите со него за селекторската позиција.
Анчелоти и Бразил еднаш веќе беа во преговори, но тие завршија кога италијанскиот стратег го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Се погласно се шпекулира дека Анчелоти ја работи последната сезона во Реал Мадрид и дека на лето може да пристигне Чаби Алонсо.
Лошите резултати на бразилската репрезентација и гласините за иднината на Анчелоти го прават Италијанецот атрактивен кандидат за селекторската позиција.
Анчелоти наводно е согласен да ја прифати работата, но под еден услов, таму да отиде по крајот на Светското клупско првенство.