По Бонучи, Милан купува уште една икона на Јувентус?!

by
2 минути читање

Милан веќе
пазареше од Јувентус ова лето и на големо изненадување го купи Леонардо Бонучи.

Медиумите од
Италија сега најавуваат нов сензационален трансфер, „росонерите“ ја сакаат и
иконата на „Старата Дама“, Клаудио Маркизио.

31 годишниот фудбалер од
средниот ред, исто како Леонардо Бонучи, не е задоволен од третманот кој го
добива од тренерот Масимо Алегри.

Газета дело Спорт
утрово пренесе дека Италијанецот повеќе нема статус на незаменлив во Торино, па
попладнево се појавија голем број на стории дека Милан би можел да ја искористи
ново настанатата ситуација.

Ваквите написи
вечерва ги прокоментира таткото на играчот, Стефано Маркисио за Калчомеркато
рече: „Искрено не знам ништо за ова
.

„Не знам од каде
се појавија овие шпекулации. Пред две години Маркизио стави потпис на пет
годишен договор и пред нас се уште три години се додека некој не ни каже нешто спротивно. За се друго ќе треба да го прашате Јувентус, но разговарав со нив пред
три дека и никој ништо не ми спомна, ова со Милан се само шпекулации
.

„Две работи се
сигурни, Клаудио се чувствува добро и сака да игра. Секој трансфер период Јуве
купува многу играчи, но тоа не значи дека тој ќе замине. Доколку не игра
неколку месеци тогаш би можеле да размислиме за заминување следната година, но
Алегри сметаше на него во саботата и нема никакви проблеми
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани