Екипите на Лацио и Рома го поделија пленот, откако одиграа нерешени 1-1 во 32. коло на Серија А.
Пресметката на „Олимпико“ понуди мирно прво полувреме и два гола во првата половина на вториот дел. Резултатот го отвори Алесио Ромањоли со гол за 1-0 со глава ов 47. минута по асистенција од Пелегрини.
Израмнувачкиот погодок беше дело на Матиас Суле кој даде вистински еврогол. Офанзивецот на Рома со одличен удар и со помош на пречката донесе егал.
Резултатот до крајот не се промени, па Лацио и Рома си поделија по бод во „Дерби дела Капитале“.