319
Ендо Робертсон наводно сака да го напушти Ливерпул откако на неговата врата тропнал Атлетико Мадрид кој сака да го купи бекот на црвените.
Трент Александер-Арнолд неодамна беше промовиран како ново засилување на Реал Мадрид, а во истиот град би можел да замине и Робертсон, но да игра за Атлетико.
Атлетико е во преговори со Ливерпул за нивниот играч откако веќе ги договориле личните услови со Робертсон.
Се верува дека за добра понуда Ливерпул би можел да го продаде Робертсон бидејќи на Енфилд наскоро ќе пристигне Милош Керкез и тој ќе ја завземе бековската позиција.
Фото: X/Liverpool