По 97 меча по ред во Серија А, Интер прв пат ќе биде без Хандановиќ

by
0 минути читање

„Кориере дело Спорт“ пишува дека словенечкиот голман прво беше во составот на Интер за мечот против Удинезе, но во меѓувреме е тргнат поради повреда.

Хандановиќ има повреда на раката, а информациите велат дека поради неа ќе пропушти неколку натпревари.

Самир Хандановиќ има неверојатни 97 натпревари по ред во Серија А, последен меч кој го пропуштил бил во мај 2017 година, и тој исто така бил против Удинезе.

На голот на Интер за денешниот меч против Удинезе ќе застане Даниеле Падели, за него тоа ќе биде прв старт во Серија А

Можно е и ова да ти се допаѓа

×