По 22 години Тери заминува од Челси: Немам зборови да ја опишам љубовта кон овој клуб

by
1 минути читање

Челси и Џон Тери преку официјалниот сајт на клубот потврдија дека се разделуваат по крајот на сезоната.

Џон Тери во Челси пристигна во 1995 година од младинската академија на Вест Хем, продолжи во погонот на сините, а своето деби за првиот тим го имаше во 1998 година.

Под водство на Антонио Конте, Џон Тери натпреварите ги следи од клупата за резервни фудбалери, па неговото заминување од клубот беше сосема извесно.

„По 22 години има многу да се каже и на многу луѓе да им се заблагодарам во овој голем клуб. Од тренери, соиграчи и стручниот штаб до фановите кои ми даваа толку многу поддршка низ годините, не можам доволно да се заблагодарам. Ќе имам прилики да зборувам за ова во наредните недели“ – вели Тери.

„Дополнително ќе одлучам што понатаму, сега најважно е да му помогнам на тимот до крајот на сезоната“.

„Клубот и јас отсекогаш сме имале фантастичен однос, така ќе биде и понатаму. Одлучив дека сега е вистинското време да заминам. Секогаш сакав да го направам тоа во вистинско време и мислам дека сега е тоа, по крајот на сезоната. Сметам дека имам уште многу да понудам на теренот, но ако останам тука нема да имам многу шанси да играм. Ќе продолжам тоа да го правам на друго место, да побарам нов предизвик“.

„Немам зборови со кои можам да ја опишам љубовта која ја имам за овој клуб и за нашите неверојатни фанови. Би сакал да им се заблагодарам на сите од дното на моето срце за неверојатната поддршка која ја добивав низ годините. За мене сте целиот свет и секој трофеј кој го освоивме го освоивме заедно. Никогаш нема да го заборавам овој период. Ви благодарам многу на сите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани