По 15 години како селектор си поднесе оставка за да води третолигашки клуб!

by 24 фудбал
0 минути читање

По цели 15 години на селекторската позиција, Лук Холц си поднесе оставка од кормилото на фудбалската репрезентација на Луксембург за да го преземе германскиот третолигаш Манхајм. Веста ја потврди и Фудбалската федерација на Луксембург, која сега ќе мора да бара нов стратег за националниот тим.

Холц го водеше Луксембург на 144 натпревари и забележа 33 победи, 29 ремија и 82 порази, што му го донесе вториот најдолг селекторски мандат во Европа, веднаш зад Колд Алварез од Андора.

Се очекува во следниот период Луксембург да го назначи наследникот на Холц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×