„По 12 години вложување, дочекавме да ја гледаме Шкендија таму каде што сите посакувавме“

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкендија вчера обезбеди пласман во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а по големата победа се огласи првиот човек на клубот, Лазим Дестани.

Во својата објава на социјалните мрежи, Дестани не го криеше задоволството, најмногу поради тоа што Шкендија со оваа победа обезбеди и најмалку пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.

„Честитки Шкендија за оваа убава победа! Честитки до сите следбеници и љубители на црвено-црните! Овој триумф против шампионот на Романија претставува ново достигнување во историјата на Шкендија и гордост за нашата земја. По 12 години вложувања и непоколеблива посветеност, успеавме да ја видиме Шкендија таму каде што сите посакувавме – носејќи им радост и гордост на младите. Имав целосна доверба во мојот менаџмент, и овој успех беше само прашање на време. Заедно, успеавме. Посакувам нови победи и успеси за Шкендија во натпреварите што следуваат во европските купови. Честито и со среќа!“,  порача Дестани.

Шкендија, сега ја очекува натпреварот против Карабах од Азербејџан и ако успеат да го елиминираат, тогаш тетовци ќе имаат обезбедено место во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×