Натпреварите од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига понудија многу погодоци и возбудувања за условите на нашиот фудбал. Водечките две екипи стигнаа до убедливи победи, Гостивар го совлада Шкупи, а Вардар во 93. минута избегна пораз.
Лидерот Шкендија со 4-0 го совлада тимот на Воска Спорт и се одржа на водечката позиција. За тетовчани погодуваа Адеми, Тамба, Ибраими и Каба за висок триумф со четири гола. Уште поубедлив беше Силекс кој броеше до пет, па со 5-0 ја совлада Беса. Хет-трик за кратовчани постигна Марко Ѓорѓиевски, а погодуваа уште Али Алиќ и Дарко Додев.
Со пресврт победа од 3-1 забележа Гостивар над Шкупи за крај на лошата серија. Поведоа гостите во Маџари преку Имери кој погоди од слободен удар, додека потоа со головите на Глишиќ, Ервин и Ајдини стекнаа предност и три бода.
Вардар успеа да избегне пораз против Тиквеш (2-2) со голот на Фаустин Сенгхор во 93. минута. „Црвено-црните“ во Скопје двапати имаа негатива бидејќи кавадарчани доаѓаа до предност преку Садик и Мишов. Прво во првиот дел за Вардар погоди Закариќ, а потоа Сенгхор во последните секунди донесе реми и серијата без пораз продолжи на десет меча.
Изненадувачки, но важен триумф во борбата за опстанок забележа Брера кај Пелистер (1-2), а шампионот Струга со голот на Укпа го совлада Работнички во Скопје (0-1).
ТАБЕЛА: Шкендија (59), Силекс (55), Работнички (49), Гостивар (47), Струга (45), Шкупи (33), Вардар (29), Пелистер (29), Брера (24), Беса (24), Тиквеш (23), Воска (22).
- Сите погодоци во 27. коло: