Екипата на Вардар
полека но сигурно се одвојува на второто место од своите ривали на позицијата
која носи излез во Европа за следната сезона, особено по денешната победа во
градското дерби против Работнички.
Црвено-црните
славеа со 0-2 како гости на арената „Филип Втори“ во Скопје, а стрелци во
победничкиот табор беа Цветановски во 6. минута, односно Фелипе во 55. минута.
Водечката екипа
во нашиот најсилен фудбалски шампионат, Шкендија беше убедлива во својата
победа на гостувањето кај Силекс во Кратово, каде славеше со 0-3.
Најпрво
Миленковски си постигна автогол во 25. минута, а со таа предност Тетовци
заминаа на паузата, по која Ибраими во 66. минута погоди за 0-2, а Муслиу во 87.
минута ги постави конечните 0-3 од таа пресметка.
Македонија Ѓорче
Петров со голот на Божиновски на три минути пред истекот на регуларните 90
минути игра дојде до минимален, но, мошне значаен триумф на гостувањето
кај Шкупи, а Ренова славеше над Беласица
со 3-2 на домашен терен.
Резултати:
Работнички –
Вардар 0:2
Ренова – Беласица
3:2
Шкупи –
Македонија Ѓ.П. 0:1
Силекс – Шкендија
0:3
Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев
42, Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија Ѓ.П. 29, Силекс 24, Беласица
19, Победа 18.
Фото-вест: fkrabotnicki.com
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.