ПМФЛ: Шкендија славеше во Кратово над Силекс, Вардар ја „почести“ Ренова со пет гола во Тетово

by
1 минути читање

Вицепрвакот Шкендија
врза три победи во низа по денешната над Силекс на гостувањето во Кратово со
0-2, а стрелци на головите за тетовските црвено-црни беа Жуниор во 51. односно Ибраими во 73. минута.

Бранителот на титулата
во домашниот шампионат Вардар славеше на гостувањето во Тетово кај Ренова со
2-4 а шест од седумте  погодоци на средбата беа постигнати во првите 45 минути игра.

Велија со автогол му
донесе почетно водство на гостинскиот табор, а Блажевски од пенал зголеми на
0-2. Во продолжение домаќините преку Гафури се вратија во игра намалувајќи на
1-2, Максимов со дебитантскиот гол во дресот на Вардар зголеми на 1-3, а Гафури
со својот втор гол на мечот повторно донесе неизвесност.

Фелипе во финишот од првото полувреме донесе предност од 2-4, а конечните 2-5 ги постави Итало во 90. минута.

Фото:
fkvardar.mk

Од останатите натпревари
Академија Пандев славеше на гостувањето кај Пелистер со 3-4, Работнички беше
убедлив во триумфот против Победа со 4-0, а дуелот помеѓу Скопје и Шкупи е одложен
поради немање услови за игра на стадионот Железарница во Автокоманда.

Табела: Шкендија 37, Вардар 26 (два меча помалку), Академија
Пандев 24 (меч помалку), Силекс 22, Работнички 19 (мел помалку), Ренова 17,
Пелистер 15, Шкупи 15 (меч помалку), Победа 15, Скопје 9 (меч помалку).

 

Фотовест: KF Shkendija (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×