ПМФЛ: Силекс сака одмазда против Вардар!

by Стефан
1 минути читање

На македонските фудбалски терени денеска се играат натпреварите од 23 коло во ПМФЛ и во нив има неколку интересни дуели.

Екипата на Силекс во Кратово ќе го пречека Вардар, а оваа средба привлекува внимание и поради случувањата неодамна во четвртфиналето од Купот на Македонија. Тој натпревар го доби Вардар со 1-0, а од редовите на кратовскиот клуб беа незадоволни од арбитражата, па поради тоа денеска сигурно ќе имаат дополнителен мотив.

Вардар од друга страна во Кратово гостува во момент кога ја подобрува формата и на последните три средби „црвено-црните“ се без пораз, со две победи и реми. Но, и Силекс запиша победи на последните две средби. Кратовчани се во битка за врвот и во овој момент со 44 бода заостануваат два зад лидерот Шкендија, Вардар е осми со 20 бода по 22 кола.

Шкендија по поразот од Струга во минатото коло со 3-0 сега на својот терен ќе се обиде да се врати на победите против Пелистер кој на табелата е една позиција пред Вардар, но со шест бода повеќе.

На останатите средби, Гостивар ќе ја пречека Брера, Шкупи ќе биде домаќин на Беса, додека во соседска пресметка силите ќе ги одмерат Струга и Воска Спорт.

Сите натпревари се играат во терминот од 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани