ПМФЛ: Силекс, Гостивар и Работнички можат да ја направат трката за врвот поинтересна!

by Стефан
1 минути читање

По вчерашното дерби помеѓу Вардар и Шкендија денеска на програмата се преостанатите натпревари од 24. коло во ПМФЛ.

Шкендија ремизираше со Вардар 1-1 и понатаму е лидер со 50 бодови, но Силекс, Гостивар и Работнички со победи во денешните дуели би можеле да се доближат.

Силекс е најблиску со 45, додека Гостивар и Работнички имаат по 44. Сите три екипи денеска ќе бидат фаворити во натпреварите бидејќи играат со ривали од долниот дел на табелата.

Силекс гостува кај Брера која е деветта и со победа кратовскиот тим би се доближил на само два бода од Шкендија и јасно е дека тоа ќе биде голем мотив за избраниците на Васоски.

На гости ќе игра и Гостивар кој оди во Кавадарци кај Тиквеш, додека Работнички исто така гостува и тоа во Охрид кај Воска Спорт.

Во преостанатите два натпревари Актуелниот шамоион Струга ќе се соочи со последнопласираната Беса, Шкупи ќе биде домаќин на Пелистер.

Сите натпревари се играат од 15:00 часот.

ПМФЛ 24. КОЛО:

Брера – Силекс

Беса – Струга

Шкупи – Пелистер

Тиквеш – Гостивар

Воска Спорт – Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани