ПМФЛ: Шкендија минимално против Пелистер, Гостивар избегна пораз во финишот

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Гостивар која заедно со Силекс и Шкендија е во битка за врвот на табелата денеска во финишот се извлече и не дозволи пораз против Брера на свој терен (2-2).

Каланоски ги доведе домаќините во водство со голот во 25 минута, а таа предност беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога израмни Велков.

Мартин Ѓорѓиевски во вториот дел донесе водство за струмичкиот состав. Голот вреден бод за Гостивар го постигна Ајдини во 87. минута од средбата.

Шкендија која е лидер по поразот од Струга им се врати на победите и денеска со 1-0 славеше над Пелистер.

На преостанатите две средби Беса се радуваше на Чаир против Шкупи, додека Струга спо 1-0 беше подобра од Воска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани