ПМФЛ: Работнички славеше над шампионот Вардар, Чешмеџиев херој во победата на Академија Пандев над Шкендија

by
3 минути читање

Денес на програмата беа пет средби од редовното 12. рунда
натпревари во прволигашкото друштво.

Во дербито на колото, Работнички обезбеди триумф над
својот градски ривал и актуелен бранител на титулата Вардар, со 3-1.

Романтичарите уште во 17. минута дојдоа до водство со
голот на Сержињо а со минимално водство домаќините заминаа на паузата.

Блажевски од пенал во 70. минута израмни на 1-1, а
домаќините по само три минути возвратија исто гол од белата точка, овој пат
дело на Стјепановиќ. Конечните 3-1 ги постави Тодоров во 82. минута за нов
пораз за избраниците на Чеде Јаневски по шокот кој го доживеаја на гостувањето
кај Победа (1-0).

Академија Пандев во мини дербито славеше над лидерот
Шкендија со 3-2, а домаќините постојано го одржуваа водството на мечот во
Струмица.

Балдовалиев во 24. минута ги доведе домаќините во водство
од 1-0, а во почетната фаза од вториот дел два гола во серија, најпрво Марков
во 52. Минута зголеми на 2-1, а Радески само минута подоцна намали на 2-1.

Ибраими со голот во 71. минута навести супер-интересна
завршница во Струмица но домаќините до крајот се бореа за трите бода од оваа
средба, па така со голот на
Чешмеџиев во 90. минтуа дојдоа до исклучително важни
три бода од овој натпревар.

Од останатите натпревари Силекс славеше на гостувањето
кај Пелистер со 1-2, Шкупи обезбеди минимална победа пред своја публика над
Победа со 1-0, додека Ренова беше убедлива во дуелот против Скопје и на домашен
терен обезбеди триумф од 5-1.

 

Табела: Шкендија 28, Академија Пандев 21 (меч помалку), Вардар 19
(два меча помалку), Силекс 18, Шкупи 15, Ренова 14, Работнички 13 (меч помалку),
Пелистер 12, Победа 12 и Скопје 6.


Фото-вест: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани