Пелистер славеше
во Пелагониското дерби на гостувањето кај Победа со 1-2, а водство имаше уште во
првите 45 минути игра со голот на Трифуновски во 24. Минута.
Домаќините со
голот на повратникот во тимот Маневски од пенал во 51. Минута израмнија на 1-1,
додека пак голот за победа на гостинската екипа го постигна Кардосо во 70.
Минута.
Од останатите средби,
го бележиме ремито помеѓу Шкупи и дебитантот во прволигашкото друштво Академија
Пандев со 1-1, гостите први поведоа со голот на Дориев во 77. минута, додека пак домаќините со голот на Демири во 89. минута се изборија за реми.
Во третиот меч денеска, Силекс со голот на Де Оливеира во 10. минута обезбеди минимален триумф над повратникот во прволигашкото друштво, екипата на Скопје.