751
Денес на програмата се натпреварите од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Вчера се одигра натпреварот меѓу Вардар и Беса кој заврши без голови, а денес се играат останатите пет средби. Доста интересно се очекува да биде во Кратово каде што Силекс е домаќин на Струга која доаѓа со новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски. Исто така во Скопје се игра дуел меѓу Гостивар и Работнички во борба за важни бодови.
Натпревари од 21. коло на ПМФЛ:
- Гостивар – Работнички
- Силекс – Струга
- Шкендија – Тиквеш
- Шкупи – Пелистер
- Воска Спорт – Брера
Сите пет средби се играат од 14:00 часот.