142
Даглас Коста беше исклучен во финишот од мечот против Сасуоло.
Тој „сочно“ го плукна противничкиот фудбалер, Федерико Ди Франческо во последните минути. Претходно направи фаул, играше груби и со лакт и со глава. Сето тоа се случуваше пред судијата кој за грубостите му покажа само жолт картон.
Плукањето во лицот на фудбалерот му пресуди. Доби директен црвен картон благодарение на ВАР.
Денеска Даглас Коста ја слушна казната, нема да може да игра на следните четири меча за Јувентус во Серија А.