70
Манчестер јунајтед со 3-0 го победи Базел во меч од Лигата на шампионите. И покрај убедливиот триумф, Жозе Мурињо дека не бил задоволен од играта на неговиот тим по водството од 2-0.
Португалецот рече дека не сака неговиот тим да игра како на Плејстејшн, несериозно, со финти и трикови по кои лесно ги губи топките.
На ваквата изјава на Португалецот возврати Плејстејшн преку својот твитер профил.
„Жал ни е Жозе Мурињо, на Плејстешјн нема паркирани автобуси… ние сме тука да забавуваме“ – стои во твитот на Плејстејшн.
Sorry @josemourinho, no parked buses at PlayStation… we are here to entertain! https://t.co/l7BvKMtvsX
— PlayStation UK (@PlayStationUK) September 13, 2017