УЕФА во своето седиште во Нион ја организита ждрепката за плеј-оф фазата во Лигата на шампионите.
Во извлекувањето учествуваа екипите кои се пласираа од 9. до 24. позиција во елитното натпреварување. Ждрепката беше полудиригирана, па сите имаа по два потенцијални ривали согласно пласманот. Средбите од плеј-оф рундата ќе се одиграат на 17 и 18, односно 24 и 25 февруари.
- Извлечени парови за плеј-офот:
Монако – ПСЖ
Галатасарај – Јувентус
Бенфика – Реал Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Карабах – Њукасл Јунајтед
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Бодо/Глимт – Интер
Олимпијакос – Баер Леверкузен
Директно во осминафиналето се пласираа Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотнем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити. Извлекувањето за оваа фаза е закажано на 27 февруари по комплетирањето на плеј-офот.