Платини распали по Блатер: За да си ја спаси кожата го сакаше мојот скалп

by
2 минути читање

Двајцата челници добија
забрана за инволвираност во фудбалот од страна на ФИФА откако беше обелоденето
дека Сеп Блатер на Мишел Платини му исплатил околу 1,5 милиони евра во 2011
иако немало писмен договор за ова.

Французинот сега за прв пат проговори на оваа тема и
открива дека односот помеѓу двајцата се нарушил во мај 2015 во пресрет на
изборот за нов претседател на ФИФА.

Откако седум
официјални лица на ФИФА беа уапсени непосредно пред Сеп Блатер да добие петти
мандат како прв човек на светската куќа на фудбалот, Мишел Платини порача „што
е многу, многу е“
и се закани дека членките на УЕФА ќе го бојкотираат Светското
првенство.

Поради огромниот
притисок, Сеп Блатер си поднесе оставка а Мишел Платини најави дека ќе се
кандидира за претседател на ФИФА, по што беа откриени детали за фамозната
исплата.

„Никогаш не треба
да му се верува на Блатер
– вели Платини. „Тој секогаш ви го кажува она што сакате да го слушнете,
тој е неверојатен политичар
.

„На крајот, се
обиде да си ја спаси кожата. Блатер никогаш не бранел некој друг, никогаш не ме
бранел мене. Тој е најсебичната личност која сум ја сретнал во живтот
.

„Тој мислеше дека
ќе умре на чело на ФИФА и ќе биде закопан таму
.

„Ми порача дека
јас ќе бидам неговиот последен скалп. Знам дека се фиксираше на мене. Се
заппочна по моите коментари „што е многу, многу е“ во мај 2015. А да не зборам
за љубомората која ја имаше поради фудбалерот кој бев
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани