Платеници на Вучиќ тепаа навивачи на Маракана кои скандираа против претседателот на Србија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вчера трагично беше на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, она што се случуваше на теренот и на трибините ја отсликува актуелната ситуација во Србија.

Српските навивачи веќе долго време скандираат против претседателот Александар Вучиќ, така беше и вчера. Но, овојпат тој имаше свои тепачи-платеници кои седеа на долните редови на трибината и се пуштија на оние кои скандираа против претседателот.

Сцените беа страшни, имаше луѓе со деца кои бегаа за да се евакуираат, полицијата само гледаше, не реагираше на она што се случува, оставајќи ги силеџиите да воспоставуваат ред на трибината.

Но, и покрај тоа, во текот на сите 90 минути на стадионот ечеа скандирања и против Александар Вучиќ и против селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Багабонтите освен што внесоа немир и повреди кај дел од присутните, не успаа да влијаат на ставот на луѓето кои беа на стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×