Медиумите од Франција шпекулираат со составот на Франција за мечот против Холандија и пишуваат дека Килијан Мбапе нема да биде стартер.
Холандија против Франција е денешното дерби на Европското првенство, и една од главните теми е дали Килијан Мбапе ќе настапи.
„Работите се движат во права насока за тој утре (во петок) да биде на располагање“ – рече Дидје Дешам на средбата со новинарите.
Но како што пренесуваат Л’Екип и Ле Паризиен, селекторот на „триколорите“ само блефирал и Килијан Мбапа сигурно нема да биде стартер, а мали се шансите и дека ќе влезе во игра.
Се говори дека лекарскиот тим не сака да ризикува и да го пуштат во контакт со други фудбалери толку брзо по фрактура на носот.
Медиумите исто така пишуваат дека Дидје Дешам ќе изненади со замената за Килијан Мбапе, и нема да стави офанзивен играч како Кингсли Коман, Брадли Баркола или Роналд Коло Муани.
Селекторот на Франција планира да го употреби Рабиo како лево крило, а во средниот ред да го уфрли Орелиан Чуамени, кој нема играно со месеци поради повреда заработена во полуфиналето во Лигата на шампиони.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.