53 годишниот Шпанец, Ернесто Валверде оваа недела седна на жешкото столче
на Камп Ноу.
Пред него сега е голема работа, тој треба да донесе „свежа крв“ и да креира
нов тим за нов победнички циклус и доминација во Шпанија и Европа.
Па медиумите полека почнуват да говорат како ќе изгледа Барса под негово
водство.
За очекување е стратегот да продолжи со формацијата 4-3-3, и како приоритет
му е ангажман на нов десен бек и фудбалер од средниот ред.
Први желби се Ектор Бељерин од Арсенал и Андер Ерера од Манчестер јунајтед.
Со нив, стартниот состав на Валверде би изгледал вака: Тер Штеген: Алба,
Пике, Умтити, Бељерин, Бускетс, Ерера, Иниеста, Нејмар, Меси, Суарез.
Но и двете зделки се прилично сложени со оглед на тоа дека Премиерлигашите
се во одична финансиска состојба и не сакаат да ги продаваат своите најдобри
играчи.
Но кога е во прашање Барса, играчите тешко одолеваат, па и тие можат да
извршат притисок за реализирање на трансферите.
Пред нас е долго лето и останува да се види кој се ќе пристигне на Камп
Ноу.