Хрватска со шест бода го обезбеди пласманот во осминафиналето. А Аргентина со само бод се наоѓа во незавидна ситуација. Утре се комплетира колото во групата Д со дуелот меѓу Исланд и Нигерија.
Три можни сценарија за Аргентина:
1. Ако Исланд ја победи Нигерија, Аргентина ќе мора да навива Хрватска да го победи Исланд.
2. Ако Исланд освои бод против Нигерија, Аргентина мора да навива Хрватска да не загуби од Исланд.
3. Ако Нигерија го победи Исланд, Аргентина ќе мора да навива Хрватска да не доживее дебакл од Исланд односно Аргентинците против Нигерија да слават со поголема разлика отколку Исланд против Хрватска.
Значи Аргентина во секоја варијанта ќе треба да навива за Хрватска, и нема да им се допадне планот на Далиќ за мечот со Исланд.
Според хрватските медиуми, веднаш по натпреварот, Далиќ изјавил дека најдобрите играчи ќе одмараат против Исланд со цел да бидат свежи за осминафиналето, па дури тоа да значи и дека ќе го загубат првото место во групата.