Планот Ц на Барса на крајот стана топ трансфер цел за левата крилна позиција

by bojan
1 минути читање
Рашфорд е пред трансфер во Барселона, прифатил драстично намалување на платата

Како што пренесува Скај Германија, Барселона се откажува од намерата да го ангажира Луис Диаз од Ливерпу и ќе се насочи кон Маркус Рашфорд, кој сега е топ трансфер цел за левата крилна позиција.

Планот Ц на „каталонците“ за засилување на офанзивата и левата крилна позиција ќе стане топ трансфер цел.

Откако извиси во обидите да го ангажира Нико Вилијамс, Барселона решила да се откаже и од намерата да го ангажира Луис Диаз од Ливерпул – „црвените“ во овој момент одбиваат да го продадат Колумбиецот, плус неговата цена е висока (околу 80 милиони евра), плус Баерн Минхен исто така го мерка играчот.

Па како што пренесува Скај Германија, третата опција сега станува главна цел и Барса со сите сили ќе тргне по ангажман на Маркус Рашфорд.

Изминатиов период често се говореше дека Англичанецот сонува за настап на Камп Ноу, па дури е подготвен и да прифати помала плата за да го облече дресот на „каталонците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×