„Планот Б“ за десен бек ја чини Барселона 30 милиони евра, Валверде го доби второто засилување

by
1 минути читање

Ектор Бељерин беше прва желба на Барса, Шпанецот го извести Арсенал дека сака трансфер, но Арсен Венгер одби да го продаде десниот бек.

Па „Каталонците“ мораа да се насочат кон други цели и вечерва медиумите од Шпанија пренесоа дека Нелсон Семедо од Бенфика пристигнува на Камп Ноу.

Делегација на Барса составена од Хавиер Бордас, Роберт Фернандез и Раул Санљехи денеска била во Лисабон и го договорила трансферот на 23 годишниот Португалец.

За услугите на Нелсон Семедо, Барселона ќе плати 30 милиони евра, плус уште додатни 5 милиони евра во бонуси.

Десниот бек ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе стане второ засилување за тренерот Ернесто Валверде по Жерард Деулофеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани