Французинот за средбата на Риазор не ги повика Кристијано Роналдо и Тони Крос, одмори
неколку провотимци и направи дури девет измени во составот кој во неделата го
започна „Ел Класико“.
Но и со втор тим,
Реал Мадрид забележа висока победа од 2-6 над Депортиво Ла Коруња.
Мората го отвори
резултатот веќе во првата минута, а Хамес Родригез зголеми на 0-2 во 14.
минута.
Андоне намали на
1-2 во 35. минута, но кон финишот на првиот дел Лукас ги врати гостите во
предност од два погодока.
Хамес и Иско во
вториот дел најавија тежок пораз на домаќините, Хосели погоди за 2-5 во 84.
минута, а Касемиро стави точка на натпреварот 180 секунди подоцна.
Претходно, Реал
Сосиедад со 2-3 славеше на гостувањето кај Валенсија а Леганес со 3-0 го
совлада Лас Палмас.