„Плачев кога ме тргнаа одвоено на тренинг, не сакав да заврши вака…“

by
2 минути читање

Македонскиот
репрезентативец, 25 годишниот бек Стефан Ристовски не можејќи да се помири со
фактот што доби прилично лоши пораки од дел од навивачите на Ријека, кои следеа
по изјавата на претседателот на клубот Дамир Мишковиќ, кој издвои дека нашиот
фудбалер инсистирал да замине и не сакал да потпише нов договор, нашиот
интернационалец се отвори за хрватската јавност и ја кажа својата страна од
приказната.

Презадоволен сум
од фактот што се
се заврши
бидејќи притисокот врз мене беше огромен последниов период. Жал ми е што сево
ова заврши на овој начин, од првиот ден го засакав тој клуб и сакав да има
коректен однос со сите таму. Морам да ја прокоментирам изјавата на Мишковиќ,
не беше така како што тој изјави во јавноста. Сакам да им порачам на навивачите
дека не бев јас иницијаторот за овој трансфер
“ порача Ристовски во интервјуто
за „Спортске Новости“.

Околу
продолжување на соработката не се говореше во ниту еден момент! Од првиот ден
актуелна беше темата само за продажба и трансфер, ништо друго, јасно беше како
ден дека Ријека сака да ме продаде, јас целата своја кариера би ја минал во
дресот на Ријека, ова го говорам јавно и искрено, но работите се одвиваа во тој
правец и јас не можев ништо да сменам. Откако почна Лигата на шампионите,
Спортинг загриза сериозно, направија голем притисок уште по првите два
натпревари со Салцбург да одам во Лисабон
“ открива нашиот фудбалер.

По натпреварот
против Салцбург, мојот менаџер ми рече дека клубот ја прифатил понудата и можам
да си заминам. Од минатото лето Ријека беше решена да ме продаде за да заработи
на мене. Би бил најсреќен доколку Ријека на мене заработеше десет милиони евра,
но да бидеме реални, јас имам македонски пасош, доаѓам од хрватскиот шампионат,
млад сум…
“ додаде Ристовски.

Кога на мојот
последен ден во клубот на тренингот ми рекоа дека треба да се тргнам настрана, да тренирам одвоено, јас трчав и плачев. Тешко ми падна бидејќи не сакав да се
разделам со клубот на таков начин, мислам дека заслужив поинаков третман и
испраќање. Не требаше да ме испратат како Тоти, но го засакав премногу и клубот
и градот, не сакав да заврши вака…
“ заврши нашиот репрезентативец во
интервјуто.

 

Извор/Фото:
sportske.jutarnji.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани