„Плачев кога дознав дека Барса се уште ме сака” – Суарез открива како се чуствувал по инцидентот со Киелини

by
1 минути читање

„Каталонците“ во
2014 пројавија силна желба да го ангажираат Луис Суарез, но работите малку се
искомплицираа по инцидентот кој го предизвика напаѓачот на мундијалот во
Бразил.

Луис Суарез го
гризна Џорџо Киелини, па го чекаше долга суспензија.

Сепак, Барса не
се откажа, а Луис Суарез сега открива дека плачел кога клубот од Камп Ноу го
известил дека се уште сака да го купи.

„Пере Гвардиола
ми се јави и ми кажа дека треба да останам смирен бидејќи Барселона се уште ме
сака
– вели напаѓачот.

„Зуби (Андони
Зубизарете) исто така ми се јави
.

„По разговорот со
Андони не можев да престанам да плачам
.

„Не можев да
поверувам дека тие се уште ме сакаат. Барса ми даде голем мотив да се вратам
посилен
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани