164
Милан не можеше
да си дозволи кикс откако ривалите за топ четири пласман (Лацио, Рома, Интер и
Аталанта) стигнаа до триумфи, па избраниците на Гатузо силно го започнаа мечот
против Каљари.
„Росонерите“ рано
стигнаа до водство, Чепители си постигна автогол во 13. минута. Десет минути
подоцна по една одлична акција Пакета со волеј на втората статива зголеми на
2-0.
На почетокот од
вториот дел, Пјонтек ја продолжи гол серијата и ја потврди победата.