Пјерлуиџи Колина нуди правило на „еден удар“ кое целосно би го сменило изведувањето пенали!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пјерлуиџи Колина има интересна идеја со која сака да им помогне на голманите при бранењето на пеналите.

Шефот на судиската комисија на УЕФА зборуваше за шансите на шутерот да погоди, дека се трипати поголеми од шансите на голманот да одбрани. Тука го посочи и одбивањето на топката за кое смета дека треба да се промени.

Постои голема разлика во шансите при пенал на шутерот и голманот. Во просек се реализираат 75% од пеналите кои се шутираат. Напаѓачот односно шутерот освен шутот од 11 метри има шанса и дополнително преку одбиена топка, а голманот е во проблем и мислам дека смеат да се жалат за тоа. Оваа идеја веќе ја споменав во ИФАБ. Решението кое го нудам е правилото на „еден удар“, односно да се укине шансата да се постигне гол по одбиена топка. Или ќе дадете гол од пеналот или играта да продолжи со гол-аут“, смета Колина.

Колина веќе го предложил ова правило на ИФАБ, телото кое е задолжено за промени и имплементација на нови правила во фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×