Откако Маурицио
Сари го превзеде кормилото на Наполи, „Наполитанците“ негуваат офанзивен фудбал
кој ги воодушевува фудбалските љубители ширум светот.
Од сите страни
пристигнуваат честитки и многумина сметаат дека Наполи го игра најубавиот
фудбал во Италија.
Но Миралем Пјаниќ вели дека ова не значи бишто бидејќи Јувентус на крајот ќе
стане шампион.
„Не чека голем
предизвик, Наполи се обидува да го сокрие тоа, но јасно се гледа дека играат за
Скудетото и други работи им се помалку важни” – вели Босанецот.
„Искрено му
честитам на Сари за она што неговиот тим го прави. Секогаш е убаво да се гледа
Наполи. Тие играат најубав фудбал во Италија, но Јувентус на крајот секогаш
победува”.
Миралем Пјаниќ
ова го вели од лично искуство, тој пет години беше дел од Рома, „Волчицата“
исто така негуваше атрактивен фудбал, но никогаш не успеа да го симне Јувентус
од тронот.