Миралем Пјаниќ
беше во главна улога на „Билино поље“. Тој најпрво во 15. минута донесе предност за
Босна од 2-0 со мајсторски погодок од слободен удар. Но во второто полувреме
заработи директен црвен картон, а Грција со играч повеќе се избори за 2-2 и бод
од жешкото гостување во Зеница.
По крајот на
мечот, фудбалерот од средниот ред изрази жалење за пропуштената шанса и истакна
дека не заслужил да биде исклучен.
„Водевме 2-0, но
за жал не победивме. Во второто полувреме малку се повлековме и примивме два
гола, нешто што не смеевме да го дозволиме. Сакавме да имаме шест бода по овие
два натпревари, но не успеавме“ – вели Пјаниќ.
„Мислам дека
престрого добив црвен, ја испружив ногата, но немав намера да го удрам
противникот. Прво ја собрав топката а потоа можеби го закачив и противникот, но повторувам,
немав намера да го удрам“.
„Се надевам дека
ќе играм против Италија, се зависи од тоа дали судијата ќе го окарактеризира
ова како сериозен прекршок“.