Пјаниќ со голазо ја најави победата, Роналдо ги осигура трите бода (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Јувентус влезе како сериозен фаворит против СПАЛ и не дозволи изненадување, си ја заврши работата и ги впиша планираните бодови на контото.

Гостите пружаа отпор до пред крајот на првото полувреме кога Пјаниќ со прекрасен гол од далечина донесе водство за Јувентус од 1-0.

Во 78. минута Кристијано Роналдо погоди со глава по центаршут од Дибала за конечна победа на Јувентус од 2-0.

Со овие три бода Јувентус се искачи на врвот на табелата, но Интер допрва ќе го игра својот меч против Сампдорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×