Пјаниќ кажал ДА на Барса, но Артур ја менува шемата за планираниот трансфер

by
1 минути читање

Барселона и Јувентус требаше да направат размена, Пјаниќ за Артур, но бразилскиот фудбалер не сака да слушне за заминување.

Сега се бараат нови шеми за реализација на трансферот на Пјаниќ кој Јувентус го цени на 60 милиони евра и не би прифатил ништо под тоа.

Се споменуваат Иван Ракитиќ и Артуро Видал, но нивната вредност е помала од таа на Пјаниќ, па Барселона ќе треба да доплати. На листата се и Нелсон Самедо и Карлес Алења, но нејасно е дали Јуве ќе се сложи за некој од нив.

Барселона нема намера да ја плати бараната сума за Пјаниќ, па и се надева Јувентус ќе прифати некој од нивните фудбалери кои ги нудат. 

Во наредниот период се очекува Пјаниќ да притиска за трансфер во Барселона, а двата клуба да се потрудат да најдат начин кој на двете страни ќе им одговара за реализација на неговиот премин на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×