Пјаниќ ја завршил кариерата како фудбалер, веќе се посветил и на новата улога!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина и фудбалер кој остави силен белег во Лион, Рома, Јувентус и Барселона, Миралем Пјаниќ, според пишувањата на италијанските медиуми ставил крај на својата професионална кариера. Пјаниќ, кој има 35 години, веќе подолг период е без ангажман, откако на почетокот на годинава се раздели со ЦСКА Москва.

Како што пренесува „Туто Меркато“, дефинитивната одлука да се повлече паднала откако пропаднала идејата за можен камбек во Јувентус, клуб во кој ги одигра последните натпревари на највисоко ниво, бидејќи по преселбата во Барселона никогаш не успеа да ја достигне формата од Торино и Рим.

Истите извори тврдат дека по напуштањето на фудбалските терени, Пјаниќ веќе започнал ново животно поглавје и најавите се дека ќе се посвети на работата како спортски агент.

Во текот на својата богата кариера, Пјаниќ запиша вкупно 780 настапи за клубовите во играше и националниот тим, од кои 665 од нив беа на клупско ниво и 115 за репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×