Казахстанскиот шампион Актобе е на чекор да предизвика вистинска сензација на фудбалската сцена, откако локалните медиуми најавуваат враќање од пензија на две големи имиња, Мирелем Пјаниќ и Луис Нани.
Пјаниќ, кој кон крајот на 2025 година ја заврши кариерата, прифатил едногодишен договор и би станал еден од најплатените играчи во историјата на лигата. Искусниот играч од средниот ред е планиран како лидер на тимот и клучна фигура во амбициозниот проект на Актобе, насочен кон поголем настап на меѓународната сцена.
Паралелно се работи и на договор со португалскиот ветеран Нани, кој исто така е блиску до потпис на едногодишна соработка. Во Актобе го гледаат како значајно засилување, но и како лице кое ќе придонесе за зголемување на глобалната препознатливост на клубот.