175
Пјаниќ заработи повреда во дуелот со Лече поради која предвреме го заврши натпреварот, на негово место влезе Кедира.
По деталните тестови утринава, Пјаниќ преку стори на својот инстаграм профил потврди дека е добар и повредата не е сериозна.
Како и да е, неизвесно е дали тој ќе биде подготвен за мечот со Џенова во среда или за градското дерби против Торино потоа.
Пјаниќ е еден од најважните играчи во составот на Маурицио Сари.
