Калчомеркато
известува дека агентот на Мирален Пјаниќ веќе имал почетни разговори со Челси,
а истовремено пак, Јувентус во Н’Голо Канте ја пронајде замената за Босанецот во своите редови.
Босанскиот
офанзивец е од поодамна интересен за Барселона, но и Манчестер Сити, а познато
е дека Бјанконерите имаат нескриена желба тој да остане во дресот на Старата
Дама, со тоа што тимот од Торино наводно е подготвен да му понуди нов, побогат
договор.
Агентот на
Пјаниќ, Фали Рамадани веќе имал разговор со претставници на Челси, а истиот се
случил пред само два дена, контактот со тимот од Стемфорд Бриџ е веќе
воспоставен.
Од друга страна
пак, медиумите во Италија пишуваат дека Пјаниќ нема ништо против во тоа да
остане во Јувентус кој наводно би му понудил нов договор вреден 6 милиони евра
по сезона плус бонуси, со тоа што Босанецот би останал во Торино до 2023.
година, но, можно е тој да има нов предизвик во својата кариера.
Јувентус веќе во
Н’Голо Канте ја пронајде
замената за Пјаниќ, а обајцата се споменуваат за оваа опција по која можат да
завршат во спротивни правци, дали тоа ќе се случи, останува да видиме во
периодот кој претстои.