Пиза го сруши клупскиот рекорд за напаѓач од Викторија Плзен

by 24 фудбал
1 минути читање

Падна рекорд што опстојуваше три ипол децении во редовите на Пиза, откако тосканскиот клуб реализираше најскап трансфер во својата историја.

Италијанскиот клуб го сруши сопствениот највисок трансфер во историјата со ангажманот на нигерискиот напаѓач Рафиу Дуросинми, кој пристигнува од чешка Плзен.

За неговите услуги Пиза ќе плати 9.000.000 евра како фиксна сума, а дополнителни 2.000.000 евра се предвидени преку бонуси.

Ова е прв посериозен потег на Пиза по кам-бекот во италијанската елита по долга пауза. Во првиот дел од сезоната клубот се потпираше на искусни и поефтини фудбалери, а Дуросинми треба да внесе свежина во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×