136
Поради ривалството помеѓу Барса и Реал, како и Каталонија и Мадрид, Жерард Пике и Серхио Рамос често знаеле да влезат во војна преку медиумите или пак на социјалните мрежи.
Но по референдумот за независнот на Каталонија и сите инциденти кои се случија изминатиов викенд, се говореше дека односот помеѓу двајцата е целосно уништен и наводно Серхио Рамос не сака да го види Жерард Пике.
Но сликата од тренингот на Шпанија е сосема друга, а со своја верзија сега излезе и фудбалерот на Барсa.
„Лага се написите дека не се сложуваме“ – вели Пике. „Ќе бидеме партнери во бизнис кој јас го започнувам. Мојот однос со него е феноменален, би сакал да го видите“.